План за дејствување после Настанот

Подобрете ги и адаптирајте ги овие чекори за акција во согласност со потребите на вашата зедница, додека се подготви теренот за она што e потребно, од час во час, во зависност како реалноста ќе се развива. Имајте на ум дека смиреноста, љубезноста и флексибилноста ќе бидат главни атрибути, потребни за успешна имплементација на планот и од голема корист при служењето на потребите на членовите на вашата зедница.

Веднаш по започнувањето на настанот (0-3 часа)

  • Контактирајте ги членовите на “Групата за поддршка на настанот” (ГПН) и започнете со дистрибуција на текстот “Краток информативен текст за  лидерите на заедницата” (КИТЛЗ).
  • Прашајте ги наоколу вашите пријатели, семејство, соседи, соработници или познаници кои можеби ќе бидат подготвени да помогнат.
  • Ако е ноќно време, доставете го текстот КИТЛЗ и објаснете им ја состојбата на полицијата и противпожарната служба и побарајте од нив веднаш да повикаат службеници надвор од служба, заедно со членовите на градоначалникот / општинскиот совет.
  • Воспоставете контакт со различни нивоа на медиуми; официјални или алтернативни, локални, национални или меѓународни за да го иницираат Акциониот план за настанот.

Ден 1

  • Веднаш штом е практично и за оние што се чувствуваат мотивирани и способни, споделете ги општите факти со медиумите, кои се потенцирани со задебелени букви, преку линкот со објавата „Акционен план за настанот“ погоре.
  • Доставете го документот “Краток информативен текст за лидерите на заедницата” (скратено КИТЛЗ) – прво до градоначалникот, Градскиот совет, полицијата и пожарникарите; потоа поврзете се со оние што се сметаат за најодговорни за информирање на населението, насочување на ресурсите на заедницата за одржување на континуирана стабилност на потребните залихи преку дистрибутивниот систем и исто така одржување на безбедност на јавните површини за јавен собир.
  • Стапете во контакт со запознаени и избалансирани членови на “Групите за поддршка на “настанот” (или групите “Prepare for change”) да обезбедите дополнителни вербални детали како група на водачите на заедницата (градоначалникот полицијата/ началникот на против-пожарникарната служба).
  • Доколку не може доволно брзо да се дојде до водачите на заедницата, размислете да им пријдете на другите кои имаат веројатен пристап до нив, како што се: локално избран член на Градскиот совет и / или заменик / вториот командант на полицијата или началникот на против-пожарникарската станица.
  • Веднаш контактирајте ги сите контакти, пријатели, пријатели на пријатели, итн., кои можат да обезбедат внатрешна трага за да се стигне до оние кои можат да ги придвижат и сменат работите.
  • Доставете копии од “Краткиот информативен текст за лидерите на заедницата” до управата за комунални компании, продавници за храна, болници, училишта и локални претпијатија/фирми.
  • Во соработка со локалните власти, Стопанската комора (користејќи е-пошта за испраќање на КИТЛЗ документот до претпријатија), медиуми и членови на “Групите за поддршка на настанот” (како и Prepare for change групите) информирајте што е можно повеќе локални жители за настанот.
  • Овозможете го споделувањето информации во веќе постоечките системи за јавно обраќање во аудиториумите во училиштата / општината, музички / театарски сали, киносали, спортски комплекси, хотелски конференциски центри итн.
  • Доколку е потребно, поставете системи за јавно обраќање на централните локации за да споделувате информации.
  • Побарајте од сите информирани жители да ја рашират веста преку пријателите, семејството, соработниците и контактите на социјалните мрежи со какви било средства.

За време на ноќта (Ден 1)

  • Финализирајте ја содржината на јавните соопштенија и утврдете ги локалните власти / членовите на заедницата, кои ќе ги споделуваат новостите на жителите.
  • Организирајте планови за потребните волонтерски групи.
  • Изберете лица кои се поврзани со воени контакти за какво било потенцијално потребно снабдување со храна, вода и основни потреби, како и добивање нови информации.

Ден 2

  • Доколку не започне на првиот ден, иницирајте јавни соопштенија на назначените локации и ако е можно преку локални ТВ и радио станици користејќи го “Акциониот план за време на настанот, “Краткиот информативен текст за лидерите на заедницата” и сите достапни ажурирања за состојбата.
  • Најавете состаноци и определете локации за дискусија и собир.
  • Заедно со локалните власти, утврдете ги итните потреби од краток и среден / долг опсег.
  • Контактирајте и побарајте помош од сите познати локални тимови за одговор при итни случаи, заедно со групи од типот на еколошки, политички и социјални активисти.
  • Јавно наведете ја непосредната потреба од разни членови на комисијата за волонтери, започнете со регистрација на нови членови и обезбедете ја потребната насока, знаење и поддршка.

Можен избор на комитет на групи на волонтери за формирање на:

  • Тековни резерви на храна и вода заедно со алтернативни извори и методи на производство (на пр. локална изворска вода).
  • Алтернативно домување и засолништа (на пр. цркви, забранети / празни куќи или магацини) за бездомници.
  • Започнете и охрабрете ги собирањата и делење на оброците т.н. потлак (одете на National Night Out за идеи и ресурси; ова се годишни собири во заедницата каде сите споделуваат храна и можат да се дружат со соседите).
  • Магацини за храна, полици за храна и услуги за достава на храна преку велосипеди/возила.
  • Критични основни потреби, одржување на доток за снабдување или стекнување на нови и алтернативни пристапи до храна.
  • Организирање на средби за размена на потребните намирници.
  • Одржување на персоналот во најважните инфраструктурни услуги како на пример во болниците и продавниците за храна.
  • Координација и мобилизација на сите претходно постоечки локални волонтерски, добротворни и активистички групи.
  • Тимови за реакција и решавање на конфликти.
  • Локални милициски групи за помош на локално спроведување на законот за одржување на редот.
  • Центри за кризно советување, емоционална траума, енергетски центри и центри за лекување на телото.
  • Мулти-наменски /мулти-способни движечки студентски групи.
  • Теренски социјални посредници за планирање на едукација и помош за околните градови и места.
  • Поддршка за стари лица, инвалиди и бездомници.
  • Намалување на стресот, бесплатни уметнички настани во заедницата (бесплатна музика / театар / танц), инспиративно зајакнување на моралот.
  • Духовна мудрост и водство.
  • Групи за идно планирање и потребни проекти.

Ден 3 и потоа

  • Најавете пристап до избраните локации и / или телефонски броеви на центри за траума и ажурирања на информации.
  • Бидете креативни и инспирирајте ги локалните бизниси да останат отворени.
  • Проверете го и ограничете го растот на цените како и масовното грабење на основните добра.
  • Побарајте од локалните бизнис-претпријатија да прифаќаат чекови, злато и сребро и алтернативни начини на плаќање.
  • Утврдете дали локалната или државната / подрачната стопанска комора може да воспостави Скрип валута со локалните бизниси.
  • Најавете размена на стока за стока, т.е. меѓусебна размена на потребните стоки/основните добра.
  • Поканете ги сите локални имашлии да го споделат вишокот на материјални добра и да помогнат во образованието на другите.
  • Охрабрете ги жителите да го споделат она што го имаат со другите.

Заклучно, колку е поголемо нивото на подготовка со кое ќе можеме да го донесеме “настанот” проследено со движење во правилна насока, толку побрзо ќе може да се споделат корисни информации и упатства со членовите на заедницата. Ова ќе доведе до поголемо ниво на ред, разбирање, цивилизираност и соработка од клучно значење за оптималниот душевен мир и благосостојба на нашите браќа и сестри.

Овој текст се заснова на објавата “План за одржување на безбедноста за време на настанот” напишан од Нова Бискоти(newagebiscuit@gmail.com) и на упатствата на “Групата за поддршка на настанот” (ГПН). Event Support Group (ESG).

Направено од Дејвид Гане: humilitynow@yahoo.ca

[Download not found]

Leave a Comment