Почетоците на Настанот (Event-от) и објаснение за локалните лидери

LightHouse

  1. Почетоците на Настанот (The Event)

Настанот (Event – от) е модерен пристап кон „преминот”, предвиден во многу антички текстови во речиси сите религии и култури. Илјадници години, пророците и мудреците се поврзувале со универзаланата свест и учеле за времето кога целото човештво ќе ја искуси космичката свест. Ова е време во кое природните енергии на нашата планета и сончевиот систем ќе се зголемат и целиот живот ќе доживее повисока свесност за нашата поврзаност и врската со унифицираното поле на свеста.
Сончевиот систем се помести над галактичкото ниво во 2012 и од оваа страна просторот е многу погуст, исполнет со многу енергични честици, а галактичкиот центар моментално испраќа енергетски бранови и кон нас исто така. Овие фактори се основа на античкиот ”премин”, предвиден од страна на многу мудри духовни учители.
Иако постојат овие предвидувања, нашата планета со милениуми е окупирана од сили кои сакаат да ја задржат нивната контрола врз нас, кои не сакаат ова да се случи и одлучиле да сторат сé што можат да го задржат човештвото од достигнување на висока свест. Ако човештвото стане свесно за ова, тие одеднаш ќе ја изгубат својата моќ и ќе бидат принудени да заминат или да бидат уапсени и ќе мора да одговараат за нивните злосторства, бидејќи не можат да го одржат нивното лукавство и неетичен начин на живот во светлоста на вистината.
Силите кои сакаат да ја зачуваат контролата се анти-човечки и деструктивни по живот, дел од нивното верување е дека нашата планета има премногу луѓе, премногу за планетата. Во суштина, тоа е премногу за нив да нé контролираат со нивниот мал број. Тие прифатиле политики кои промовираат смрт и уништување на човечката способност за живот и напредок. Лоша здравствена заштита, отрови во водата за пиење, отрови на небото и власти кои убиваат луѓе без последици се резултат на тоа. Тие се поткрепени со можноста да печатат пари од воздух и сметаат дека не работат за народот воопшто. Оваа група е негативната фракција.
Бидејќи овие битија се противат на природната еволуција на човештвото, нам ни се придружија други битија од различни организации, алијанси и планети да ни помогнат во расклопување на нивната напредна технологија и сложени шеми, кои не држат како робови на нивната волја.
Сé на сé, ние живееме во многу, многу посложен контекст отколку што ни е кажано, со иста количина на потиснување на нашата реалност и историја, во космос кој ни е наметнат низ вековите.

  1. Објаснение

Има многу чесни луѓе во служба на негативните битија, кои ги започнале своите кариери, верувајќи дека работат во служба на човештвото, но, кои подоцна сфатиле дека вистината е многу поразлична од она што им било кажано и што им се прикажува на масите. Во почетокот на 1970-тите, разузнавачки оперативци започнале да организираат отпор (организацијата) на негативната агенда. Подоцна, откако прострадале во рацете на негативните битија, ним им се придружиле други од оваа и од други планети, кои им помогнале (сега таканареченото „движење на отпорот”), ги свртеле придобивките кои ги направиле оние кои сакале да не поробат и сега го организираат последниот удар за крај на нивната моќ над нашата планета.
Во 2012 година, конечните сојузи беа комплетни и победата на Светлината беше обезбедена. Истата година, движењето на отпорот регрутира еден свесен човек да í биде портпарол на популацијата на Земјата, советувајќи го да усвои анонимно име и да креира слободен блог во кој ќе пренесува пораки до нивните оперативци и до популацијатаво целост, во однос на последните фази од напредокот кон ослободувањето на нашата планета.
Користејќи го кодираното име Cobra, скратеница од compression breakthrough (компресивен продор) овој блог беше лансиран во април, 2012. Може да го посетите блогот и да ги прочитате неговите архиви со цел да станете целосно свесни за активностите уште од тогаш: www.2012portal.blogspot.com.
Повеќе од една година подоцна (мај, 2013), беше креирана ”Подготовки за промени” (www.prepareforchange.net) за да í помогне на популацијата на Земјата во достигнување на поголема свесност за вистинската планетарна состојба и повисока соработка и организираност за моментот во времето, кога Event – от ќе стане реалност. Прочитајте ја страната, истражувајте колку што можете од овој момент и поврзувајте со други линкови и материјали достапни на интернет. Во некои случаи може да има толку многу записи при пребарувањето на специфични клучни зборови на Google, при што сигурно ќе бидете изненадени. На пример, во моментот кога овој текст е обајвен, напишете „планетарно ослободување” (“Planetary Liberation”) и ќе добиете 444.000 записи, а доколку напишете ”глобален рестарт на валутите” (“Global Currency Reset”) ќе добиете 5.710.000 резултати. Не се сите информации точни или поддржани од ”подготовки за промени” (Prepare For Change), а има и многу дезинформации кои кружат на интернет, повеќето од нив се директен резултат на спротивставената војна во тек меѓу позитивните и негативните фракции.

3. Отсекогаш имало само една вистинска војна на оваа планета

Вие секогаш ќе треба да ја користите вашата сопствена остроумност и конекција со душата за да дојдете до вистината и како и вообичаено во војна, многу е тешко да се гледа низ целата таа измама.
За полесно да ја разбереме информационата војна, прво мора да сфатиме дека низ сите војни низ историјата, постоела само една единствена цел: да го освојат нашиот Ум, нашето одобрение, изразено или преку премолчување, нашата енергија, нашиот трансфер на моќта кон некој надворешен извор и нашата апсолутна посветеност на еден систем на верување, религија, идеологија или специфична припадност. Таквата скриена манипулација е она што им дозволува на релативно, многу мал број на битија со сопствена агенда, да ја контролираат доминантната сторија, начинот на размислување, трендовите и на крај, сé она што е ”општествено прифатливо”. Тоа е постојано повторување на идеjа до точка на исцрпеност, која завршува како норма – прифатена од мнозинството како ”реалност”. А таа реалност се емитува 24/7 од страна на мал број индивидуи кои имаат пристап до бесконечни монетарни ресурси кои им дозволуваат да ги контролираат сите конвенционални канали на идеи и ширење на информации, како што се мас (mass) медиумите, образовниот систем, воените и правните органи, фрлајќи светло само на пристрасните, кои се залагаат за нивната агенда. На овој начин, тие ни ја манифестираат и претставуваат нивната ”вештачка реалност”. Стравот е стапчето што го користат за да нé принудат на согласност со нормата, алчноста е алатка за нас да се откажеме и да им ја предадеме нив нашата моќ. Социјалниот распад, апатијата и барањето надворешни спасители се предуслови за владеење на овој ропски систем.
Едно неприкосновено верување најверојатно е она кон кое не би сакале да се држите.
Сега, откако процесот на планетарно ослободување се ближи кон крајот, овие битија нема да бидат во можност да го контролираат доминантниот наратив и ”официјалната” приказна, така што сé повеќе прават очајни потези, преку сите канали кои сé уште ги држат под контрола, во трка со времето, да управуваат за последен пат со перцепцијата на светот, прифатена од масите. Како што нивниот агресивен став се зголемува, тие стануваат сé повеќе видливи во светлината на вистината, благодарение на интернетот, но иста така веруваме дека и глобалното подигање на свеста и фрекфенциите, се одлучувачка променлива која ја земаме во предвид.
Поената овде е да запомните засекогаш, дека вашите верувања ја обликуваат вашата визија и перцепција. Никој не сака да изнуди било какво верување кај вас. Но, ако го читате ова, значи дека нешто е разнишано во тој поглед.

 

  1. Зошто е важен нашиот совет?

Во моментов додека го читате овој текст, мас (mass)медиумите можеби ја промениле а можеби сé уште ја немаат променето страната во оваа војна, бидејќи дел од големиот план беше да се натераат секогаш да ја презентираат вистината на прво место. И во двата случаи имаме повеќе од 800 статии на нашиот сајт, напишани од страна на свесни луѓе од сите делови на светот и светска мрежа, поддржана од илјадници луѓе, кои делат иста визија и покрај нивните различни културни, социјални, контекстуални и лични искуства.
Поради напорите на негативните битија, Настанот (Event-от) има неколку аспекти кои не се забележани во античките визии и пророштва. Природниот раст на енергиите е она што беше видено, но противењето на зајадлива, негативна група со пристап до егзотична технологија и масовна умствена контрола, не беше. Ова создаде неколку фази, во основа напори за чистење на планетата од негативните, за да може промената (преминот) да продолжи без нивните обиди за негово спречување. Постојат три, меѓусебно поврзани напори во овие фази: 1) масовни апсења на раководството на негативната фракција, 2) финансиско ресетирање на монетарниот систем, 3) откривање на потиснатите информации и технологија.
Првите два ќе се појават повеќе или помалку во исто време, а третиот ќе биде неколку месеци подоцна. Енергетскиот премин исто така, ќе се случи истовремено со првите два. Всушност, тие не би можеле да се случат, доколку енергетскиот премин не започне.
Природниот премин започна и сите ние треба да очекуваме финалната фаза за смена на криминалните сили и агенди, да се координира со кулминацијата од енергии за време на следните две години. Во моментов кога овој текст е објавен, ние веќе три години вибрираме на повисоки енергии, веќе доволно високи за премин, но сé уште не толку високи за да се спротивстават на отпорот од негативните фракции. Затоа се вложува напор за нивно отстранување и тоа ќе биде целта на Движењето на отпорот, сéдури не успеат.
Ве молам, читајте ги веб порталите: www.prepareforchange.net и 2012portal.blogspot.com за повеќе новости на моменталната состојба.
www.communityleadersbrief.org беше создадена за да се одговори на потребите на неподготвените управители во општествто кога ќе започне Event – от заедно со апсењата и рестартирањето на финансискиот систем. Ним ќе им треба совет.
Разбираме дека ова објаснување за вас може да биде изненадување или шок, па ве молам да направите сопствено истражување. Сепак, луѓето кои ви го делат овој документ, имаат највисоки намери и желби да ви помогнат вас и на вашата заедница за надминување на предизвиците кои престојат, грижејќи се сите да бидат сигурни и безбедни.
Тоа е поентата на оваа порака. Нема да ви кажуваме во што да верувате, но бараме да ни верувате и да го земете во предвид нашиот совет. Ние не тврдиме дека знаеме сé, и со оваа голема комплексност наметната врз нашите животи, никој со сигурност не може да знае сé во овој момент.
Имајќи интерес за овие прашања и собирајќи многу информации од широк спектар на различни извори, се чуствуваме убедени дека можеме да ви помогнеме да ги водите другите под ваша заштита, преку безбеден пат во ова невреме и да стигнеме до таму каде што веруваме дека ќе биде иднината на големите колективни достигнувања.
Од планетарната лидерска група:

 www.prepareforchange.net  

Leave a Comment