Што претставува Настанот (Event – от)?

http://thepromiserevealed.com/wp-content/uploads/2016/01/image027-600x407.jpg

Настанот (Event – от) е денот на масовните апсења на криминалните кабалисти во целиот свет: корумпирани политичари, големи банкари и сл., кои ќе се одвиваат на легален начин и ќе бидат синхронизирани со светското ресетирање на финансискиот систем. Ова е организирано однатре, од одредени членови на владини и воени организации, кои започнаа движење на отпор против криминалната Кабала. Тие ги набљудуваа повторените злосторства против човештвото, животните и екосистемот, преку, меѓу другото, неправедните војни и непотребното загададување.
Тие ја набљудуваа вештачки создадената сиромаштија во светот, креирана преку потиснување на решенија и преку мамење на целиот финансиски систем во светот. Банките креираат лажни пари, позајмувајќи им ги на владите и повеќе од 90% од нашите даноци, се даваат на овие приватни банки, додека нивните кредити се фиктивни, ништо повеќе од бројки во компјутер или парче хартија кое нема реална вредност, а ние сме тие кои им даваме вистинска вредност, како продукт од нашата работа.
Благодарение на оваа сеопшта, финансиска измама, нашите власти и медиумите постојано се купени и корумпирани. Напредни, ”зелени” технологии се потиснуваат. И безброј други кривични дела се извршени, со цел да се задржи овој систем.
Време е да се каже не, време е да се каже стоп.
Овие криминалци ќе бидат уапсени во соглaсност со легалните процедури и ќе им биде извршено фер судење. Средствата за јавно информирање ќе бидат ослободени и конечно ќе можат да ја презентираат вистината. Тие ќе споделуваат многу непобитни докази за она, што всушност се случува.
И конечно, човечкото општество ќе биде во можност да се рестартира на здрава основа. Нашиот финансиски систем ќе се реконструира, фиктивните долгови ќе бидат откажани и ќе биде воспоставен нов систем, базиран на реална вредност, кој драстично ќе го зголеми квалитетот на животот за сите луѓе на планетава.

Вистински хуманитарни проекти масовно ќе стапат на сцена, за да ги исправат сите последици од злосторствата извршени околу планетата. Многу претходно прикривани технологии конечно ќе бидат дистрибуирани. Некои од нив би можеле да изненадат многу луѓе. Замислете, ако пред само 20 години, ни беше кажано дека веднаш ќе може да комуницираме со целиот свет, да ја зачуваме целата музика, филмови и книги кои ги сакаме, сè само со еден безжичен уред со големина на мала книга. Многу не би поверувале.
Повеќето едукативни програми доброволно биле изманипулирани, за да се потисне вистината. Овој процес е добро познат, само погледнете историски книги од педесеттите или шеесетите. Овој процес не е запрен, се одвива до ден денес. На пример, физиката која се учи на универзитетите е повеќе од 100 години стара, квантната физика главно се игнорира, а некои закони од физиката се изучуваат на изманипулиран начин за да ги доведат луѓето во заблуда, што било неопходно, за да се потиснат одредени напредни технологии.
Слични манипулации се одвиваат во сите аспекти на нашето општество. Затоа, ќе има потреба од огромна обнова и творештво. Банките ќе бидат затворени неколку дена, до неколку недели и одново ќе бидат отворени со народните пари кои сè уште ќе бидат во банките, плус екстра пари кои ќе бидат повторно дистрибуирани до сите. Ќе започне огромен, нов процес на едукација, базиран на цврсти докази или актуелна вистина. Екосистемите ќе бидат излечени, благодарение на напорите на заедницата и напредната технологија. На секој човек ќе му бидат овозможени основните потреби и слобода да твори, да се организира и слободно да патува.
Датумот на овој настан не може да се предвиди. Инволвирани се многу фактори и групи и многу информации мора да останат скриени, за време на процесот, со цел да се одржи безбедноста на луѓето кои се вклучени. Сè што можеме да кажеме е дека сме прилично блиску. Ова е причината зошто мрежата на информации е воспоставена, со цел да бидеме подготвени.
Ослободувањето е пред нас!

Leave a Comment