Отворено писмо до раководителите на коорпорации: Што значи “Настанот” за човештвото – и за вас?

(Предговор – би сакал да видам дека “бизнис етиката” повеќе не е оксиморон.) Ќе дојде денот (веќе доаѓа) кога законските права на едно лице се поголеми од оние на една корпорација. Одлуките на модерниот судски систем, им ги даде на корпорациите сите права, како на  лице со мала правна или морална одговорност.

Ваквото нелегално правно толкување се користело во целост во текот на изминатите два века. Тоа и овозможи на модерната корпорација да стане најмоќната правна форма на трансфер на богатството во човечката историја. Тие се совршени механизми за нивна реализација, бидејќи и покрај тоа што тие често се тргуваат “јавно”, тие јасно се развиле со текот на времето, да имаат корист на “неколкуте” на сметка на мнозинството – секогаш способни да се сокријат зад “сопствената личност” или преку обезбедување услуга за “давање назад”, при извлекување што е можно повеќе од заедниците и земјите во кои се наоѓаат.

Овие денови се ближат кон својот крај. “Настанот” ќе го промени сето тоа. Практично преку ноќ, голем број мултинационални корпорации – особено оние во финансискиот сектор – ќе останат банкрот. Брзината на ширењето на овие банкротства ќе резултира со уништување на овие компании, така што “мултинационалноста” ќе стане остаток од ерата на корупција и масовна нееднаквост. Повеќе нема да им се дозволи на компаниите да им префрлаат богатство безшумно помеѓу земјите или од потрошувачите и вработените на оние што обезбедуваат “капитал”.

Сегашната популација на корпоративни директори ќе треба брзо да се прилагоди – особено оние кои долго време работеа директно СО или ЗА оние во Кабалата. За многумина, нивните нови шефови ќе бидат луѓето во земјите кои ги “зазедоа”. Само тоа ќе ги принуди многумина да го напуштат бизнис светот целосно (можеби со сила, во некои случаи), или радикално да го променат своето мислење за “луѓето пред профитот”.

Писмото што следува треба да биде прочитано за време на финансискиот крах од страна на секој извршен директор, (CEOs, CFOs, COOs, CIOs), борд на директори, исто така, сите аналитичари за инвестициското банкарство, кои биле користени како извршители од страна на Кабалата, за да се осигура дека секоја “јавна” компанија му служи на нивниот синџир на организиран криминал, над сите други интереси.

Отворено писмо до раководителите на коорпорации: Што значи НАСТАНОТ за човештвото – и за вас

Она за кое што долго време сте сведоци, функционира подолго време. Од 1975 година, беше развиен план за трајно да се оттргне човештвото далеку од дис-тописката иднина на општествена контрола и економско ропство. Ова беше сметано неопходно за разузнавачките агенти, по ужасните настани од претходните десетици години – како атентатот на Џ.Ф. Кенеди, непризнаениот Виетнамски конфликт и Вотергејт.

Со текот на годините овој план растеше по обем и сложеност. Тактиките еволуираа, сојузи се формираа, а бројката на вклучени се зголеми неизмерно – но во нивното јадро, секогаш беше формирање на ефикасен начин на ширење на вистината, на начин кој би бил неподложен на контрола. Она што се случува не би било можно без персонален компјутер или интернет. Доколку овие пронајдоци не станаа нашироко користени, сиот проток на информации би бил целосно контролиран, со оглед на неограничените ресурси и безмилоста на Кабалата.

Резултатите од овој напор сега се реализираат, но ќе се соочиме со нарушување на “нормалниот живот” досега невиден во човечката историја. Почнувајќи од денес, ќе го доживееме следново:

  • Виртуелен, моментален пресврт во поглед на содржината и презентирањето на официјалните (мејнстрим) вести
  • Привремено затворање на електронскиот финансиски систем
  • Шокантно апсење на моќни политичари, религиозни лидери, капиталисти и финансиери, со пренос на телевизија во живо
  • Голем бран на разоткривања (disclosure) во врска со претходно негираните теории на заговор, кои ќе ги затресат претходно “несвесните”, како ладен туш на пијан човек

Исклучувањето на централниот банкарски картел се покажа како единствен начин за конечно да се запрат криминалните корпорации на изненадувачко мал број богати и екстремно опасни психопати. Едноставно, сè додека финансискиот систем е во контрола на Централните банки (и оние кои ги поседуваат), овие криминалци секогаш ќе можат да печатат пари и да ги насочат таму каде што е потребно, за да ја одржуваат контролата на моќ. Сега, нивниот извор на моќ го нема, но секојдневниот живот ќе биде се, освен нормален во наредното време. Може да се јават тешкотии, но на крајот, “новото нормално” ќе биде многу поповолно за масите, отколку неодамнешното статус-кво.

Брзите промени ќе се одвиваат непрекинато. Откако ќе бидат објавени разни “разоткривања” за неуставни, нелегални и крајно неморални активности, нема враќање назад. Новиот финансиски систем ќе биде заснован на средства, наместо врз основа на долг. Корпорациите ќе постојат во многу различно регулаторно опкружување; многу навистина ќе може да преминат “во државна сопственост”, во смисла дека добивката ќе се дистрибуира до лицата во земјата во која компанијата е формирана. На крај – она што е најважно – нема да има такво нешто како “невработеност”, бидејќи секогаш ќе има достапна работа.

Конечно, концептите како што се “преквалификувани”, “излишни” и “максимизирање на ефикасноста на трошоците” ќе исчезнат или драматично ќе ја променат формата кога се прави бизнис. Овие концепти беа вметнати во вашите глави во пост-Милтон Фридман ерата, каде што директорите на корпорациите ги земаат во предвид само акционерите. Сега е неизвесното време, кога новите идеи треба да се искористат – и тоа брзо! Колективно, треба да изградиме нова иднина каде што е невозможно за таква мала група луѓе целосно да доминираат и да ги контролираат светските работи, за да формираат постојан синџир на моќ.

Многумина од вас можеби се исплашени сега. Да го цитирам Ник Ханауер, може да се чувствува како да “доаѓаат вилите”. Сепак, тоа не мора да биде така; вие ја контролирате сопствената судбина во ова неизвесно време – се додека сте спремни и волни да го промените вашето размислување во врска со ШТО – или попрецизно, КОЈ треба да биде приоритет во секој бизнис.

Иако мразам да го користам овој термин, тоа дефинитивно е “доаѓањето на  Исус” моментот за сите вас. Претходните односи помеѓу корпоративните директори и акционерите ќе бидат свртени наопаку. Наместо да се приклонуваат кон богатите финансиери и инвестициски аналитичари, раководството на секоја компанија сега ќе биде одговорно за јавноста. Ова ќе се случи најмногу поради откритијата “следи ги парите” кои започнуваат. Патеката се влева низ навидум бесконечен лавиринт на фондови, “оф-шор” сметки со нула данок или незаконски добиени “тешки средства” како што се земјиште или благородни метали.

На крајот, сето ќе доведе до затворање на многумина, уапсени со медиумско присуство (perp-walked). Но, она што ќе се случува следно, ќе влијае на сите нас, и целосно ќе го израмни полето за играње економски низ целиот свет.

Едноставно, голем дел од ова богатство е украдено преку нелегални војни, злосторства против човештвото или активности на организиран криминал (RICO). Покрај тоа, излегува дека овие луѓе финансирале и промовирале тероризам од памтивек. Интересно е што за горенаведените кривични дела, во повеќето земји е законски да се одземат средствата на овие лица и да се искористат како надомест.

Меѓутоа, за исплаќање на ваквите надомести, механизмите за складирање на богатството на овие луѓе мора да бидат укинати. Ова значи не само крај на сегашниот картел за централно банкарство, туку и смрт на модерната корпорација. Во суштина, сите корпоративни акции – без разлика дали се во сопственост на лица или институционални инвеститори – ќе треба да се исплатат, така што богатството може да се искористи за обнова на инфраструктурата во светот, како и за поправање на штетата од финансирањето на тероризмот и самоубиствените војни.

Ова значи дека берзата каква што ја знаеме нема да постои. Речиси секоја компанија ќе треба да биде национализирана поради банкрот – особено оние кои во моментот се “мултинационални”. На нивно место ќе бидат новите компании кои ќе бидат изградени од пепелта на старите изгорени остатоци на прекумерна алчност. Сопственичката структура на овие нови компании може да биде сосема поинаква; вистинската “јавна” сопственост ќе биде бран на иднината – бидејќи профитот ќе се дистрибуира назад, во надлежноста на овие компании.

Промената во ваков вид на бизнис модел ќе има интересен несакан ефект; повеќето приватни лица ќе платат многу помалку, бидејќи корпоративните профити се прераспределуваат или преку корпоративен данок на доход или директно преку сопственоста на луѓето од одредено место, град или држава. Ако некој е подготвен да преиспита каквa е точно функцијата на корпоративниот данок, лесно е да се преформулира данокот на добивка како заеднички на одредена компанија во еднаква пропорција со корпоративната даночна стапка, во која било дадена надлежност. Значи, тоа не е толку од идејата, корпорацијата да е во сопственост “на луѓето и од луѓето”.

Оттука, сите директори/раководители кои бараат да ги минимизираат даноците, во суштина, ги земаат од еден сет на акционери (во надлежност на корпорацијата) и ги даваат на друг (самите “елити” кои ќе бидат уапсени и затворени за време на “настанот”) .

Преиспитувањето на корпоративниот данок, како и тоа, кои треба да бидат “правата” на корпорацијата, се само две од многуте промени кои доаѓаат, и кои се веќе задоцнети. Едноставно кажано, сите вие кои раководите со корпорации ги оставате премногу долго, двата најважни фактори надвор од равенството – вработените и клиентите. Едноставно кажано, прифаќањето на барањата на акционерите е одличен начин да се направи да изгледа дека работите добро, но само краткорочно. Долгорочно, тоа е легализирана кражба, бидејќи поттикнува одлуки што се штетни за општеството како целина.

Ваш е изборот, како ќе сакате да продолжите. Ако сакате да ги одбраните вашите минати акции и одлуки, подгответе се за јавен потсмев – во најдобар случај. Имајте на ум дека во разни агенции за разузнавање ширум светот има многу White hats (Бели капи-позитивната војска) – што мислите, од каде групата “Анонимни” (“Anonymous”) ги добива своите информации? Секој разговор, секој документ, секоја одлука донесена за криминалната елита е следена – и ако има доволно докази за да се претстават пред “Големото жири”, може да бидете обвинети за корпоративен криминал. Доколку ова е судбината што ја сакате за себе, повелете – бидете тврдоглави и пркосни, но вашата иднина ќе биде во затвор и ќе бидете оттргнати настрана, додека остатокот од човештвото ќе доживее економски и стандарден животен раст, што досега постоеше само во нивните соништа.

Од друга страна, ако се погледнете во огледалото и одлучите: “Можеби е време да направам промена”, може да завршите многу подобро од вашите колеги кои го трошат сето свое време, енергија и брзо намалување на нивните средства, борејќи се за сопствената репутација. Оние кои работат за подобра иднина, се советувани од оние кои знаат, дека простувањето е најпосакуваниот исход на претстојните сослушувања за вистината и помирувањето. Ние, како вид, треба да се движиме напред, а некои од вас може да бидат од витално значење во лекувањето и обновата на нашиот свет. Сепак, додека не се направат одредени јавни изјави на каење – малку е веројатно дека секој што го имал називот “главен” непосредно пред “настанот”, некогаш ќе се смета за доверлив, освен ако не ги открие сите разговори и меморандуми, скриени под нечесниот чадор на “Договорите за неоткривање”.

Време е да престанете да се криете зад правните и економските заштити што долго време ги имавте. Сега, кога “настанот” е тука, овие заштитни мерки ќе заминат засекогаш. Одејќи напред, секој што ќе успее во светот на бизнисот, ќе мора да создаде вредност за клиентите на етички начин. Ова значи дека веќе нема вработените да се третираат како добиток или да се вработуваат деца во фабрики, кои според сите намери и цели се работни кампови за робови. Не, движејќи се напред, сите ќе бидат ценети, без разлика каде пораснале, каква боја е нивната кожа, а познавањето “некого” или твоето презиме нема повеќе да ги отвора вратите.

Време е да се спроведе програмата и конечно да ги признаете како еднакви, оние кои ги презиравте толку долго. Сите сме заедно во ова, а остатокот од нас – 99% поточно, сакаат да ве поздрават со отворени раце, ако сте подготвени да се отворите за она што се одвиваше зад затворени врати толку години.

Изборот е ваш. Преку соработка, ќе ги направите животите подобри на сите нас – вклучително и вашиот.

Original article can be found in http://eventreference.org/2015/03/29/an-open-letter-to-corporate-executives-what-the-event-means-for-humanity-and-you/

[Download not found]

Leave a Comment