Почитуван лидеру на заедницата,
Овој краток информативен текст ви е
даден за да разберете што се случува во моментов во однос на
затворањето на банкарскиот систем. Се надеваме дека ќе ја одржите
смиреноста и мирот на вашата заедница во овој краток период на
промени. Исто така ве охрабруваме
да ги поддржите оние кои се на одговорни позиции, да помогнат во
одржување на status quo, во однос на виталните потреби на вашата
локална заедница.
Се надеваме дека и храната, водата, струјата, интернетот, бензинот,
транспортот и телефонскиот сервис, нема да се нарушат во текот на
промената на банкарскиот систем. Исто така, овој текст е создаден да
ви помогне да разберете што се случува во светот во тој период. Лицето
или лицата кои ви го даваат овој текст се дел од светската мрежа,
посветена на мирна транзиција кон транспарентен финансиски систем на
нашите банкарски системи во целиот свет.
Табела со содржини:
1.Кои сме ние и кој стои зад овој процес?
2. Што се случува и зошто банките се затворени?
3. Вашата витална улога во овој процес
4.Важни предлози за одржување на мирот кон хармонични промени
5. Како би знаеле дека тоа се случува сега?
6. Зошто се случува ова?
7. Доказите ќе и бидат презентирани на јавноста
8. Време е за акција
9.Моќните лидери ќе паднат
10. Вашето право да се сомневате во вистината на овој информативен текст
ни е познато
11. Заклучок:
Кои сме ние и кој стои зад овој процес?
Нашата група се состои од интелигентни, свесни поединци од сите
сегменти на општеството, посветени кон ненасилни промени. Ние сме
свесни за она што се случува од страна на клучните лица во светските
тајни организации и војска. Високо рангирани членови на светската
политичка инфраструктура, исто така, ги поддржуваат овие законски
извршувања. Овие искрени патриоти од ЦИА, НСА, ФБИ, војската, шерифи и
полициски сили, имаат колеги од целиот свет кои се вклучени во
симултано отстранување на финансиските криминалци.
Да резимираме, постојат големи меѓународни, мултиправосудни работни
тела кои откријаа корумпираност од големи размери во финансискиот и
политичкиот сектор, при што преземаат законски мерки за да се стави
крај на ова криминално однесување. Некои лидери на регионални и
национални органи за спроведување на законот и полициски сили, се
свесни за она што се случува во моментов. Предвидуваме зголемено воено
присуство, распределено по градовите, со цел да помогне во одржување
на мирот. Предвидуваме преноси преку мрежата за итни известувања, кои
набргу ќе ја објаснат ситуацијата, доколку веќе не започнале во
моментот кога сте го добиле овој документ.
Што се случува и зошто банките се затворени?
Она што се случува во овој момент е неопходно финансиско ресетирање на
глобалниот централен банкарски систем. За жал, ќе биде неопходно
затворање на секој компјутер кој е поврзан со централните банки. Тоа
ќе ја остави целата планета без пристап до кеш, банкомати, кредитни
картички или берзи.
Нема да има валута на располагање, различна од онаа која е веќе
пуштена во оптек, во период од максимум 2 недели. Намерата и плановите
на овие судски, надлежни институции е во најдобар можен случај,
банкарскиот систем да биде исклучен од 3-5 дена. Но, со толку многу
промени во игра, засега тешко е да се каже колку точно ќе трае таа
промена. Недостигот на пари меѓу светската популација може да создаде
потешкотии во различни локации, бидејќи некои би биле во паника поради
немање пристап до своите пари преку нормални канали.
Вашата витална улога во овој процес
Нашиот контакт со вас и вашето лидерство е од витално значење, за да
се одржи отворена, чесна и транспарентна комуникациска мрежа со оние
од вашата заедница и со ваши блиски лидери од заедницата кои можеби
нема да знаат што се случува или нема да бидат во можност да го
добијаат овој инфо текст навреме. Една од најзначајните активности
која се бара од вас е да се изврши мониторинг на локалните полициски
сили, кои не се свесни за овој настан и за она што се случува. Тие би
можеле да ја видат збунетоста кај луѓето и погрешно да ја разберат
оваа природна реакција како непријателска и потенцијално насилна.
Бараме сите овие сили да останат будни и активни и да се воздржат од
насилство.
Важни предлози за одржување на мирот кон хармонични промени
Бараме локалните групи на заедницата, како и депоата со храна и вода, да се охрабруваат и да
почнат да му служат на народот, доколку затворањето на банките
резултира со нарушување на следново: транспорт, храна, вода,
електрична мрежа, мобилна телефонија, интернет, телевизија, службите
за итни случаи, болниците и секој витален сегмент кој би бил опфатен.
Како би знаеле дека тоа се случува сега?
Нашата група беше контактирана и бевме замолени да дејствуваме како
информативна мрежа и инфраструктура и да ви помогнеме во вашите
определени задачи. Доколку сте градоначалник или директор на водовод
или општински соработник со енергетските компании, се надеваме дека ќе
сфатите дека вашите одговорности и услуги остануваат непрекинати
додека банките се затворени. Понатаму, бараме да се обезбеди начин да
им се достават овие основни потреби на оние на кои им се потребни
преку вашата локална инфраструктура, како што се јавни кујни или
дистрибуција на вода на оние на кои им е потребна. Бараме болниците и
итните служби да им дадат поддршка и приоритет и да ги заштитат
старите и безпомошните.
Зошто се случува ова?
За жал, со години постои криминална злоупотреба на светскиот банкарски
систем, вклучувајќи ги и Федералните резерви. Овие лица на функција,
оштетија многу аспекти на светската политичка инфраструктура , а
алчноста и страста за власт, го попречија демократскиот процес и
предизвикаа голема штета на нашиот глобален еко систем и на
општествените и национални односи.
Доказите ќе и бидат презентирани на јавноста
Доказите укажуваат на систем од финансиска измама и корупција што
резултираше со институционален грабеж на трилиони, тешко заработени
пари во светот. Ова завршува сега, откако доказите во служба на
обвиненијата и апсењето на одговорните започна. Овие лица, вклучени во
овој заговор се многу моќни и политички поврзани криминалци. Тие во
повеќе наврати беа предупредени да ги следат законите на нивните
земји, но дел од нив одбијаа.
Време е за акција
Одбивањето да се биде во согласност со законот принуди затворање на
централните банки, така што тоа сега влијае на целокупниот светски,
банкарски систем. Ваква радикална акција е потребна за да се спроведе
законот и сега се спроведува преку координирана акција на полициските
сили низ целиот свет. Причината зошто населението не е алармирано за
сево ова порано, лежи во фактот што криминалците кои се на функција ги
контролираат светските медиуми и имаат воспоставено цензура низ целиот
свет. Полицаецот не му кажува на криминалецот дека ќе биде уапсен, оти
тој ќе побегне.
Моќните лидери ќе паднат
Во банкарската рекет операција се вклучени многу моќни јавни личности
која кога ќе излезе на виделина, ќе шокира многу луѓе. Ова не е воен
удар ниту нешто негативно. Всушност, ние чувствуваме дека ова ќе
овозможи почесен систем на владеење, кој ќе наиде на поддршка низ
целиот свет, како што вистината ќе и се открие на јавноста во неделите
што доаѓаат.
Вашето право да се сомневате во вистината на овој информативен текст
ни е познато
Разбираме дека можеби не сте свесни или можеби не се согласувате со
информацијата презентирана овде, но бараме од вас да имате во предвид
дека овој текст е напишан на 29-ти септември, 2013 год. Овој текст
треба да ви служи како доказ, дека она што сега се случува, нам ни е
однапред познато. Да повториме; ова не е воен удар и нема причина за
паника и страв. Без разлика дали ни верувате или не во врска со
природата на овој светски настан, бараме да направите Сe што можете и
да го одржите мирот и смиреноста во вашите заедници, што е можно
поефикасно.
Заклучок:
Би ве замолиле да пристапите со отворен Ум кон овој документ и да
знаете дека ја поддржуваме вашата позција на одговорност и моќ, како
лидер на вашата заедница. Треба да знаете дека оваа транзиција ќе трае
краток временски период. Од вас ќе се побара да размислувате локално и
да не чекате инструкции од државата, во случај ако одредени канали за
комуникација бидат прекинати.
Ве молиме, проучете го овој документ и доколку е можно, зборувајте
отворено со лицата кои се запознаени со овој документ; можеби тие
поседуваат мудрост да разјаснат што се случува и ќе споделат идеи кои
може да ви се од корист вам и вашата заедница.
Исто така, имаме и веб страна www.prepareforchange.net, каде имате
пристап до линкови од статии и докази дека она за што говориме е во
тек веќе извесно време. Ве охрабруваме да се едуцирате себе си преку
овие линкови. Ако интернет мрежата остане отворена за време на
затворањето на банките, овие линкови ќе ви помогнат да разберете
повеќе. Ако немате пристап до интернет, би ве замолиле да се поврзите
со оние кои го имаат овој документ.
Со почит, Prepare for change тимот.
Со почит,
Prepare for Change тимот
Additional information: