Дополнителен план за време на “настанот”

Ова е текст кој се однесува на почетните моменти веднаш после nастаноткога волонтерите ќе препознаат дека се случил “пробивот”, со цел да се запрат негативните нарушувања што се уште би можеле да се појават, така што лидерите или клучните луѓе ќе продолжат со нивната работа во служба на нивните заедници.

Доколку поради некоја причина, добиените информации се недоволни или не се земаат во предвид, ќе треба да спроведеме стратегии и акција за решавање на овој проблем.

Она што го предлагаме е модел кој има за цел да ја поддржи популацијата во ова време на транзиција. Овој план може да се искористи како “ план Б за подигање на јавната свест”, во случај политичките лидери и лидерите на зедницата да не одговараат на повиците за мобилизација за време на настанот, со оглед на предвидливото дискредитирање, со кое многумина од нив би можеле да ги адресираат информациите, дадени во текстот Краток информативен текст за лидерите на зaедницата”. 

Затоа треба да ја разгледаме можноста за разделување на овој план кој ќе го објасниме подолу, на што е можно повеќе луѓе, без оглед дали лидерите на зедницата се вклучени или не. Ова е само во случај доколку лидерите откажат пред луѓето на кои им служат, за да знаеме што да правиме колективно и индивидуално, што да правиме со нашите ресурси и како можеме да ги искористиме за да продолжиме напред со оваа стратегија

Како што веќе знаеме, многу луѓе кои не се “разбудени” во градовите, без разлика дали е тоа голема, средна или мала урбана област, би можеле да испаничат и да излезат на улиците видно вознемирени во потрага по храна, водство, а во најголемио број случаи, нема да бидат соодветно подготвени со залихи на храна, гориво или лекови,  како што предложивме во Oсновни чекори за подготовка на “настанот”Во овој случај, трговците на мало во сите градови, најверојатно ќе ги изгубат своите основни резерви за неколку часа. Во едно вакво сценарио, луѓето сигурно би западнале во очај и во еден таков момент, овој план за општа сталоженост  мора да се активира веднаш.

 

План за општа сталоженост

Главен фокус: чувајте ја јавноста мирна и обезбедете и основни информации за тоа што се случува и дека се ќе биде добро,  се додека ние се грижиме и си помагаме едни со други. Обезбедете упатства како и каде да добиете повеќе информации и каде може да добиете производи за основна потреба (храна, лекови, медицинска и психолошка помош).

Прв чекор:  ставете го за приоритет сообраќајот на неопходни возила низ градот  и доколку е можно и доколку има време, побарајте од луѓето да ги приберат своите автомобили во своите живеалишта или места за паркирање. Ова треба да се примени за сите градови, бидејќи треба да се дозволи само транзит на пешаци и автомобили што припаѓаат на цивилните власти и спасувачките екипи, како што се камиони со гориво, амбулантни возила, полиција, пожарникари и тн.

Следни чекори:

Обраќање кон јавноста: аудио или видео порака од околу 2 минути, која содржи аргументирани информации кои треба да се повторуваат 24 часа на ден, се додека не се вклучат нови сили за поддршка, како што се Позитивната војска, Движењето на отпорот или Галактичката конфедерација, со цел да обезбедат помош.

Како може да се направи ова: може да се емитува аудио/видео порака преку звучни системи инсталирани во автомобили, радија, аматерски радија, интернет и телевизиски канали

  • Звучници на автомобили или во објектите на општината: основните информации за тоа што се случува ќе допрат до луѓе кои се уште не ги добиле информациите преку радио или телевизија и како резултат на ова, некои превирања можат да бидат ставени под контрола побрзо и поефикасно. Понатаму, со оглед на реалната можност радио или телевизиските канали да не се согласат да ги објават информациите во раната фаза, од особена важност е да се користат сите алтернативни стратегии.  Во точно даден момент, звучните возила ефикасно ќе ја изведуваат оваа функција и уште повеќе, важно е автомобилите/звучните станици  да бидат позиционирани во радиус од 2 км еден од друг, за да може звукот да биде разбирлив.
  • Радио канали и аматерски радија: истите основни информации ќе се емитуваат и во овој случај, преку звучници со снимена порака која ќе ги смири и води луѓето. Истото може да се направи на локалните телевизиски канали, доколку постои такво ниво на соработка.

Операции за набавки

Поради можноста за паника и вознемиреност од страна на луѓето по улиците и најразновидни видови на однесување како и некое можно случајно насилно однесување, ќе бараме итно дејствување од полициските службеници, пожарникарите, па дури и волонтерите мирно да ги спречат овие превирања, да обезбедат корисни информации и да ги насочат луѓето до назначените области за дистрибуција на основните добра (DDA – Designated Distribution Areas).

Области за дистрибуција на основните добра (DDA – Designated Distribution Areas) се места за давање насоки, набавки и други ресурси за луѓе и животни, позиционирани во стратешки зони, пожелно на секои 2 км. Треба да бидат поставени надвор, на отворено и на крстосници.

  • Комуникација меѓу DDA (областите за дистрибуција на основните добра): комуникацијата помеѓу DDA областите ќе биде спроведена преку системите за комуникација на полициските или противпожарните единици, преку интернет и мобилни телефони од страна на волонтерите доколку се достапни, како и аматерски радио оператори.
  • Алтернативни решенија доколку не работат електронските уреди: во овој случај ќе се користат обоени, димни сигнали од страна на војската. Овие гасови се лесно видливи и дење и ноќе од далечина. Тие се исклучително корисни во случај на комуникациски крах на радиото, интернетот или мобилната телефонија. На пример, секоја боја на чад ќе претставува посебна потреба за секоја DDA област, веднаш штом ќе бидат забележаани од оперативните тимови, задолжени за синџирот на снабдување, и веднаш ќе се преземат активности за да се исполнат тие потреби од DDA областа
  • Здравствена заштита и медицинска помош: инсталирајте медицински теренски станици за привремено сместување на пациенти со најразновидни медицински итни случаи. Единиците за итна медицинска помош (Field Medical Centers – мобилни медицински центри) може да се формираат од страна на војската во нивните објекти, но исто така можат да се искористат и кампови за спортски сали, училишта и универзитети, а во потешки случаи, пациентите може да се пренесат во болници. Ќе бидат потребни специјализирани единици во случај на “синдром на хемиска депривација” (недостиг од лекови). Важно е да се запамети дека повеќе од половина од населението во западниот свет е под некаков вид на зависност, или преку рецепт или психотропни лекови. Со оглед на тоа што нарушувањето, исто така, може да се случи во синџирот за дистрибуција на лекови (било да е легално или нелегално) и дека повеќето луѓе немаат долготраен залог на лековите што ги користат, здравствените професионални работници треба да бидат предупредени за ова.
  • Оперативниот персонал на секоја DDA може да биде составен од елементи на армијата, пожарникарите и цивилни волонтери.
  • Безбедносни тимови составени од  10 агенти, полицајци, пожарникари и цивилни волонтери, да обезбедат сигурност и насоки за луѓето, од 500 до 1000 метри од секоја DDA област, насочувајќи ги до онаму каде што треба да одат.
  • За таа цел може да се користи сместување во оперативниот персонал: гимназии, училишта, универзитети, полициски и армиски касарни, како и куќи на жители во близина, кои нудат помош во тој поглед.Во случај на продолжен прекин на електричната енергија:Приоритет ќе им се даде на генераторите за гориво за секоја DDA, во болниците, казнено-поправните установи, домовите за стари лица и сиропиталиштата.
  • Свеќи или други системи за осветлување ќе бидат дистрибуирани за станбена употреба.Во случај на продолжен прекин на електричната енергија.Вода за консумирање: вода може да се извлече од реките во секој град и да се третира преку армиските прочистувачи на вода, на пример. Исто така, може да се преврие за да се елиминираат штетните патогени бактерии.
  • Физиолошки барања: дистрибуција на кеси од 20 кг за секое четиричлено семејство  и пластични кеси за употреба и собирање на отпад со цел да се избегнат прашања од јавното здравство во областите каде што има нарушување на санитарните услуги и водоснабдувањето.

Следење и обезбедување на помош со воени и приватни хеликоптери и беспилотни летала: тие треба да се користат за да се обезбедат итни услуги како што се отстранување на повредени лица и превоз на персонал. Било приватни или полициски / воени беспилотни летала може да се користат за следење на граѓанските немири и да се обезбеди помош за тимови за безбедност и спасување.

Странци (иселеници и туристи): Ако е можно, секогаш да се има доброволци кои зборуваат на други јазици (англиски, шпански, германски, француски и други) за да им даваат насоки на странските државјани. Тие ќе бидат позиционирани, ако е можно, во сите транспортни центри на DDA.

Заклучок

Ако се докаже дека нашите лидери не можат да ја исполнат својата очекувана помош со квалитет, посветеност и достоинство на луѓето што ги претставуваат, тогаш мораме да се организираме. Во сценарио на глобална криза, со цел да се задоволат основните потреби на јавноста сѐ додека не се стабилизира ситуацијата и да се воспостават нови стандарди на нормалност, треба да имаме волја, дисциплина и страст за помош на другите, без очекувања.

Победа на светлината!

[Download not found]

Leave a Comment