Протокол за советување на лидерите

За оние кои ќе изберат да учествуваат и се повикани да преземат акција и да помогнат во мисијата на оваа група, имаме протоколи кои треба да ги проучите и насоки кон кои треба да се придржувате, при вашиот пристап кон локалната власт за време на Настанот (THE EVENT). Пред сè, останете мирни и љубезни во вашето однесување, кога се обидувате да го споделите своето знаење.

Протокол за пропагирање на “Краткиот текст за лидерите на заедницата”

Нашиот протокол е избран врз основа на вечниот принцип на Вистината. Низ универзумот, тоа е примарната Доблест, признаена низ целиот простор и време, од страна на битијата на љубовта, во светлината на Вистината. Ова се лекциите и квалитетите на душата кои ги носите со вас, откако ќе го напуштите светот од крв и месо. Како што ќе се придржувате кон овие вистини, овие вистини ќе останат во вас.

  • Лојалност – Бидете и лојални на мисијата, за мирни, ненасилни промени, на принципите што ги имате во вашето срце и на целта на нашата мисија. Бидете лојални на сопствените убедувања – без оглед на тоа што велат другите!
  • Трпение – Бидете трпеливи кога се обидувате да се поврзете со оние кои се на позиција на моќ. Разберете дека се зафатени. Сфатете дека немаат поим за она што навистина се случува! Тие имаат филтри при пристапот до информации, а тоа може да потрае некое време. Бидете трпеливи и со другите, кои и служат заедно со вас, на оваа мисија.
  • Искреност – Бидете искрени во вашите постапки и беспрекорни во вашиот збор; и сетете се дека ги претставувате позитивните и добронамерните сили. Не го наметнувајте вашиот авторитет за да се претставите како добро информирани. Секогаш зборувајте ја вистината, колку што ја знаете и ја чувствувате во вашето срце.
  • Упорност – Не се откажувајте! Држете го цврсто воланот и “возете ја” бурата. Не се впуштајте во расправии. Не дозволувајте непочитувањето кон вас, како личност, да ве одврати од назначената задача. Имајте ја во предвид важноста на вашата мисија и барајте сила одвнатре.
  • Сочувство – сочувствувајте се со оние кои се обидуваат да се справат со спиралното чувство на страв и хаос што можеби ќе се појави на површина. Замислете, ако немате поим што се случува, како би се чувствувале вие во иста ситуација. Разберете го нивниот товар и помогнете им да го носат товарот.
  • Воздржаност – Обидете се да не се занесете во вашата лична желба за самостојно спроведување на агендите. Држете се до правиот и тесниот пат. Чувајте ги вашите лични судири и убедувања/предрасуди, надвор од преговарачката маса. Третирајте ги лидерите со почит – дури и ако тие не ви возвратат. Бидете внимателни да не преземате одговорност за која не сте подготвени или не сте обучени да ја остварите.
  • Сталоженост – Останете мирни. Запомнете, универзумот и целиот живот мора да бидат избалансирани. Останете во вашиот центар и проектирајте го мирот врз бурата што е во вашето срце. Не претпоставувајте дека знаете сè за настанот, бидејќи не знаете. Знајте, дека ова е за љубов, и за Вистината. Нека оваа смиреност ги води вашите зборови и постапки, како и вашето однесување.
  • Храброст – Не плашете се. Не дозволувајте вашиот ум да талка во сомнеж или двоумење. Овој напор е важен. Вашите напори и акции всушност може да спасат животи! Не обрнувајте внимание на “бурата” и не избрзувајте. Имајте храброст, знајте дека сте поподготвени од оние на кои им се обраќате и не плашете се од нивната “позиција”. Сепак, бидете внимателни да не преземате одговорност за која не сте подготвени или не сте обучени да ја сработите.
  • Понизност – Мора да ги почитуваме ставовите и искуствата на другите и не смееме да ја исклучиме ароганцијата или ставот “ние знаеме се” на јавните службеници на кои се надеваме дека ќе влијаеме. Ниту, пак, можеме да претпоставиме дека оние што се на власт нема да не примат добро. Нашата перспектива мора да биде претставена со понизност и ова е од витално значење за нашите напори. Како и да е, колку и да мислиме вистински или правилно, секогаш постојат други гледишта кои треба да се разгледуваат. Мораме да останеме скромни кога се соочуваме со лидерите или со оние на позиции на контрола. Не треба да бидеме премногу “меки” или да дозволиме важноста на нашата задача да биде ублажена, туку да постигнеме подобри резултати со тоа што ќе бидеме цврсти во нашите убедувања и ќе ги почитуваме другите.
  • Умереност – Не се заканувајте. Носете ја пораката со претпазливост, бидете тактични и ненаметливи. Не барајте премногу од вашиот претпоставен одеднаш. Дозволете и на оваа личност ги свари вашите информации; и обидете се да читате и да гледате сигнали за тоа дали личноста всушност слуша и го апсорбира она што го кажувате, или пак само се обидуваа да ве ублажи. Повторете, кога е потребно.
  • Добротворност – Дајте се од себе и вашето време за каузата. Дајте го своето знаење и љубов непоколебливо. Дајте им време на овие лидери и на самата мисија. Кој е поодговорен од вас? Посветете се себе си на каузата за Мир.
  • Верба – Ако немате верба, тешко дека ќе бидете ефикасни во оваа група. Многумина од нас едноставно знаат! Не ни треба доказ. Не ни треба ТВ за да ни каже што да правиме. Не треба да ги слушаме другите. Ние имаме вера во моќта на Доброто! Ние имаме вера во моќта на Изворот / Создавањето / внатрешната Светлина, Љубовта. Зачекоривме во огнот на сомнеж и страв, знаејќи дека сме вечни битија на Светлината. Ние знаеме – затоа што веќе сме тестирани во искушенијата на времето и просторот; и знаеме дека Љубовта е одговор. Ги отвора сите врати; и тоа е нашето Спасение.
  • Смиреност – Пред сè, бидете ненасилни и не се заканувајте. Не можеме да ја надминеме сериозната ситуација во светот, со тоа што ќе продолжиме со нешто што сакаме да заврши. Во повеќето ситуации, разумот ќе го владее денот. Ако ситуацијата во која се наоѓате е опасна за вас или за другите – повлечете се. Ако сте исфрлени од некоја област, не се спротивставувајте, останете мирни. Ако лидерот е недоличен, тој ќе биде отстранет порано отколку што мислите. Ќе има такви кои ќе бидат обучени и подготвени за овие луѓе; и тие ќе влијаат на нивното отстранување во догледно време. Ова е најважната цел на нашата мисија. Мора ова да го кажеме, со почит: ако вашиот живот е во непосредна опасност, имате право да се заштитите. Бидете внимателни и повикајте ја Светлината!

Оригиналната статија може да се најде овде:

http://prepareforchange.net/leadership/protocols-for-advising-leadership/

Leave a Comment